Oсуда на кршењето на човековите права во Сирија
23 август 2011Реклама
Како пример за кршењето на човековите права во Сирија се посочуваат произволните егзекуции, прекумерната употреба на сила и прогонот на демонстрантите и активистите за заштита на човекови права.
Со резолуцијата се предвидува во Сирија да се испрати меѓународна истражна комисија, која треба да ги испита случувањата околу разбивањето на антивладините демонстрации, вклучувајќи и евентуално сторени злосторства против човештвото и покрај забелешките на Русија, Кина и Куба.
Резолуцијата ја иницираа Европската унија, САД и неколку арапски држави, како Саудиска Арабија.
Според извори на ОН, над 2.200 лица ги загубиле животите во антивладините протести, кои траат од половината на март.
Автор: ЖА/БГ/макфакс/дв
Редактор: Борис Георгиевски