1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиКазахстан

Патнички авион се урна во Казахстан

ЕМФ / ртр
25 декември 2024

Патнички авион се урна во близина на градот Актау, во Казахстан, јавија руските новински агенции. Според непотврдени информации, наводно има шестмина преживеани.

https://p.dw.com/p/4oZ6K
крило од авион
Фотографија: picture-alliance/dpa

Авион на Азабејџан Ерлајнс, кој сообраќал на релација Баку-Грозни се урна во близина на градот Актау, во Казахстан, јавуваат руските агенции цитирајќи го казахстанското Министерство за итни ситуации. Авионот, како што се вели, претходно бил пренасочен, затоа што не можел да слета во Грозни, Чеченија, поради магла.

Казахстанските медиуми јавуваат дека во авионот имало 105 патници и петмина членови на екипажот.

Според агенцијата Интерфакс, која се повикува на казахстанското Министерство за итни ситуации, „во моментов се разјаснуваат информациите за жртви“ и има непотврдени „извештаи за преживеани“. Засега се зборува за наводно шестмина преживеани. Како што се вели, спасувачките служби на местото на несреќата гаснат оган.