1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРоманија

Претседателските избори во Романија мора да се повторат

ЖА
6 декември 2024

Претседателските избори во Романија мора целосно да се повторат. Ова го одлучи највисокиот суд во земјата, според кого Романија била цел на „агресивен руски хибриден напад“ на изборите.

https://p.dw.com/p/4nqpT
Проевропски демонстрации во Романија пред претседателските избори
Проевропски демонстрации во Романија пред претседателските избори Фотографија: Cristian Ștefănescu/DW

Врховниот суд во Романија го откажа вториот круг од претседателските избори што требаше да се одржи в недела. Судиите објавија дека резултатите од првиот круг се неважечки. Сега изборите мора да се повторат целосно.

Заднина е објавувањето на тајни документи од разузнавачките служби кои констатирале мешање во изборната кампања. Десничарскиот екстремистички и проруски претседателски кандидат Калин Георгеску беше  масовно промовиран преку ТикТок  со помош на координирани профили, алгоритми за препораки и платени реклами.

Георгеску сосема неочекувано се најде на првото место во  првиот круг од изборите.  Претходно, тој постигнуваше само едноцифрена оценка во анкетите. Романските власти се сомневаат во Русија. Судиите соопштија дека земјата станала цел на „агресивен руски хибриден напад“.

Оваа недела, Георгеску требаше да се соочи со својата противкандидатка од десниот центар, Елена Ласкони од центристичката партија, на вториот круг од изборите. На  романските парламентарни избори минатата недела, добро поминаа и десничарските екстремистички партии, кои често имаат симпатии кон Русија.

Се уште не е јасно кога ќе се повторат изборите. Според судот, владата сега мора да одреди нов датум за нив.