1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Путин: Руските цели во Украина наскоро ќе се исполнат

ЕМФ | агенции
19 декември 2024

Русија е на пат да ги исполни своите цели во Украина, изјави на годишната прес-конференција во Москва рускиот претседател Владимир Путин.

https://p.dw.com/p/4oMdx
Москва годишна прес-конференција Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир Путин на годишната прес-конференција во МоскваФотографија: Maxim Shemetov/REUTERS

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека состојбата во војната против Украина се менува „драматично“ во полза на неговата земја. Русија е на пат да ги оствари своите главни цели, изјави Путин на годишната прес-конференција во Москва. Истовремено, тој на Украина ѝ понуди преговори. Путин повеќепати има изјавено дека сака да преговара, но тоа секогаш го врзува со територијални претензии на Русија кон соседната земја.

„Отсекогаш велевме дека сме подготвени да преговараме и да направиме компромиси, но другата страна одби да преговара, и буквално и преносно“, изјави рускиот претседател. „Наскоро нема да има повеќе Украинци кои ќе сакаат да се борат“, рече тој. Самата Русија веќе некое време користи севернокорејски војници во борбата против Украина.

За да ја покаже наводната руска воена супериорност, Путин им понуди на САД „ракетен дуел“ за да покаже дека новата хиперсонична балистичка ракета од типот Орешник не може да биде поразена од ниту еден американски систем за противракетна одбрана „Ние сме подготвени за таков експеримент“, рече Путин. Русија првпат испука „Орешник“ на 21 ноември врз украинскиот град Дњепар.