1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Јанкулоска ослободена, три затворски казни за „Тврдина“

ДТЗ
13 јануари 2025

Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда донесе Кривичниот суд во Скопје за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушување во УБК.

https://p.dw.com/p/4p6Zn
Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков
Јанкулоска ослободена, на Мијалков му застаре делото - затворски казни за бегалците од УБКФотографија: DW/P. Stojanov

Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда донесе Криичниот суд во Скопје за случајот „Тврдина“ кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушување во УБК. Според пресудата која што ја објави судот, бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски од УБК, шефот на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Тони Јакимовски и Валентина Симоновска се виновни за уништувањето на опремата за прислушувањето.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е ослободена од вина, бидејќи обвинителството во текот на судењето не го докажало делото за коешто беше обвинета. Претходно, на поранешниот прв човек на тајната служба, Сашо Мијалков му застаре делото со измените на Кривичниот законик.

Затворски казни за уништување на опремата

За злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК, судот ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски и Валентина Симоновска, кои беа присутни во судница, како и Горан Грујевски и Никола Бошкоски, екс разузнавачи кои избегаа во Грција, на кои им се судеше во отсуство.

За злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа, Тони Јакимовски е осуден на една единствена казна затвор од три години, во која се засметува и притворот. Горан Грујевски е осуден на една единствена казна затвор од 14,5 години и Никола Бошкоски на една единствена казна затвор од 9 години и десет месеци. 

судење Таргет-Тврдина
Случајот со нелегалното прислушување „Таргет-Тврдина“ започна во јуни 2017 годинаФотографија: Petr Stojanovski /DW

Јакимовски и Бошковски ќе треба да ја надоместат и направената штета во рок од три месеци.

Обвинетата Валентинa Симоновска, доби условна осуда со казна затвор од две години, доколку во период од пет години не стори друго кривично дело. Тие се виновни за ништење на системите за следење на комуникациите Веринд и Најс трак на отпадот „Бубо металика“ во Скопје во 2015 година. Балираните делови од ништената опрема, потоа биле однесени во дробилница во „Еко цирко“, со цел прикривање на трагите. Со тоа нанеле штета на државата во вредност од 1,4 милиони евра.  

Најголем случај на незаконско прислушување

Случајот „Таргет-Тврдина“ е најголемиот случај со незаконско прислушување на над 20 илјади граѓани во Северна Македонија.

Судот во октомври 2023 година донесе решение за запирање на кривичната постапка за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување во случајот за „Таргет-Тврдина“ за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски поради застарување. Така во судница останаа само обвинетите опфатени со делот за ништење на опремата, односно делот „Тврдина“.

Случајот со нелегалното прислушување „Таргет-Тврдина“ започна во јуни 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. 

Случајот „Таргет“