1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаГрција

Солун конечно го доби долгоочекуваното метро

Софија Клефтаки
30 ноември 2024

По децении одложувања, вториот по големина град во Грција, Солун, денеска ја доби својата прва метро линија. Какво беше расположението меѓу Солунчани спроти официјалното отворање на метрото и кои се нивните очекувања?

https://p.dw.com/p/4mt6B

Солун е вториот по големина град во Грција со околу еден милион жители. За повеќето жители на градот, секојдневното патување е ноќна мора: метеж, недоволен број паркинг места, преполни автобуси - и без метро. 
Но, градската транспортна инфраструктура ќе претрпи радикална промена. По децении чекање и бројни одложувања, првата линија на метрото во Солун беше свечено отворена денеска, 30 ноември, 2024 година. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема