1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Традицијата како тренд: Џемперите од Сирогојно

4 јануари 2025

На планината Златибор, во западна Србија, има мало село, во кое плетењето на специфичен тип на џемпер е традиција со векови. Пред неколку децении, речиси секоја жена родена во Сирогојно почнувала да плете уште од многу рана возраст, дури и пред да почне на училиште.

https://p.dw.com/p/4nvez

Шарените џемпери, изработени од локална волна, добија глобално признание во 1960-тите, кога една локална дизајнерка започна производствена работилница. Набргу потоа, познати личности ширум светот побрзаа да ги купат овие рачно изработени уникати.
Иако во Сирогојно денес има се помалку плетачки, занаетот се одржува во живот. Моден креатор од Белград на овие џемпери им даде модерен шмек. Тие можат да се купат во продавниците ширум светот од Јапонија, до Канада, САД и неколку европски земји.