1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Зависноста од коцкање носи тешки болести

АРД
30 ноември 2024

Зависноста од коцкање е проблем ширум светот. Тоа може да доведе до психичко нарушување, криминал и самоубиство, се наведува во една нова студија. Експертите бараа построга регулатива.

https://p.dw.com/p/4mEHc
Коцкање Казино
Зависноста од коцкање може да предизвика сериозни здравствени нарушувања кај луѓето.Фотографија: Michael Bihlmayer/CHROMORANGE/picture alliance

Зависноста од коцкање може да предизвика сериозни здравствени нарушувања кај луѓето. Ова е заклучокот на комисијата која го објави својот извештај во специјализираното списание „Лансет“. Комисијата ја сочинуваат експерти од областа на истражувањето на коцкањето, јавното здравје, глобалната здравствена политика, контролата на ризикот и регулаторната политика. Коцкањето е „закана за јавното здравје“, се наведува во извештајот.

Зависноста од коцкање може да доведе до физички и психолошки нарушувања, да ги уништи врските и семејствата, да го зголеми ризикот од самоубиство, да доведе до финансиска пропаст, да иницира криминал и семејно насилство и да доведе до губење на работното место. 

Речиси половина милијарда луѓе засегнати ширум светот

Ситуацијата драстично се влоши, од една страна, поради меѓународното ширење на комерцијалното коцкање, но пред сѐ поради дигитализацијата. „Секој кој има мобилен телефон сега има пристап до казино во својот џеб 24 часа на ден“, вели Хедер Вардл од Универзитетот во Глазгов, копретседателка на комисијата. Според извештајот, секторите за онлајн спортско обложување и онлајн казино моментално растат најбрзо. 

Мобилен Коцкање
Секој кој има мобилен телефон сега има пристап до казино во својот џеб 24 часа на денФотографија: Khalid Khan/DW

Во моментов се проценува дека речиси 450 милиони луѓе ширум светот се погодени од негативните ефекти на коцкањето - преку барем еден симптом на однесување или лично, социјално или здравствено нарушување. Околу 80 милиони луѓе страдаат од зависноста од коцкање или поради проблем со коцкање.

Особено погодени од проблемот се луѓе од пониските социо-економски групи. Земјите со низок и среден приход честопати не се доволно добро подготвени да ја регулираат индустријата и да се справат со настанатата штета. 

Со оглед на тоа што коцкарската индустрија користи иновативни пристапи за дигитален маркетинг, за да ги промовира своите производи и да ги заштити своите интереси, Комисијата повикува на ефективен и добро опремен регулаторен систем, како и меѓународна соработка и лидерство, за да се намалат последиците по јавното здравје од комерцијалното коцкање. Ова е неопходно во сите земји - без разлика дали коцкањето во нив е легално или не. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема