Бан Ки Мун: Да не се седи со скрстени раце во случајот со Сирија
15 декември 2011Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја повика меѓународната заедница да преземе мерки против режимот во Дамаск, со оглед на продолжувањето на насилството на сириските сили за безбедност врз припадниците на протестното движење. Од почетокот на протестното движење во март, до сега биле убиени повеќе од 5000 лица, сметаат ОН. Убивањето не смее да продолжи, изјави Бан во Њујорк. Досегашните обиди на Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција досега беа неуспешни поради противењето на вето-силите Кина и Русија.
Борците за човекови права информирата дека во Сирија се воделе тешки борби меѓу владините трупи и дезертерите. Денеска на југот на земјата загинале 27 војници, соопшти групата активисти со седиште во Лондон.
Француските медиуми пак, јавуваат дека во областа Хама, и натаму се водат борби меѓу воените дезертери и владините војници кои користат тешко вооружување.
Од почетокот на судирите во Сирија, од земјата побегнаа околу 12.500 Сиријци.
Автор: АТ/ ЕМФ/ дв/ миа
Редактор: Жана Ацеска