Бундесверот си заминува од Босна ?
30 октомври 2006и од Босна и Херцеговина. Бернд Граслер известува.
Во Берлин очигледно се согледува заканата дека учеството на германските војници во странски мисии ќе го распарчи Бундесверот и ќе резултира во преоптоварување на војската. Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг настојува да се редуцира контингентот германски војници во Босна и Херцеговина кои се таму стационирани од 1995 година.
“Очигледно ситуацијата во Босна и Херцеговина, е подобрена, особено по изборите кои поминаа добро и кои водат кон понатамошна стабилизација на земјата. Во декември сакаме да ја разработиме стратегијата за повлекување на војниците. Се работи на план кој постепено ќе доведе до редуцирање на мисијата”, изјави Јунг за втората германска програма.
Според министерот, повлекувањето треба да започне веќе во декември. Во точно определенмомент мора да се каже дека задачата е исполнета и дека земјата може да се напушти, изјави Јунг. На трети октомври во Босна и Херцеговина се одржаа избори на кои победија националистичките партии. Ситуацијата сега е мирна, но познавачите на состојбите велат дека немири може да избијат во секое време.
Но, не само сегашниот прв човек на одбраната, демохристијанинот Јунг, туку и неговиот претходник, социјалдемократот Петер Штрук честопати го поставуваше прашањето, дали мисијата во Босна е се уште воено оправдана. Штрук, кој сега е шеф на фракцијата на социјалдемократите во Бундестагот, смета дека војната во земјата е завршена пред единаесет години, а многу од задачите може да ги преземат полицајците кои доаѓаат од разни земји. Претседателот на воениот синдикат Бернд Герц ги поздрави ваквите изјави:
“Крајно време е за тоа. Во Босна сме од 1995 година, а претходно бевме во Хрватска. Има напредок и во цивилната обнова. Она што останува да се сработи таму во најдобар случај е полициска задача. Но, сигурно е дека тоа повеќе не е задача за војската.”
И Герц исто како и политичарот на СПД, Штрук смета дека треба да се преиспита и мандатот на Косово, особено пред да се реши прашањето за автономија на провинцијата. Во Косово сега се стационирани 2900 германски војници. Вкупно 9000 војници на Бундесверот во моментов се ангажирани во странство. Тие се дел од меѓународните мисии во Авганистан, Конго и во либанското крајбрежје. Долгорочно, владата сака Бундесверот да го опреми со персонал и материјални средства, за да може да испрати 14 000 војници во пет мисии истовремено.