Бундесверот ќе учествува и во мисијата на ОН во Судан
16 ноември 2007Во Судан од 2003-та, од избивањето на конфликтот во кој разни бунтовнички групи се борат против владата - но и меѓусебе, досега загинаа меѓу 200 и 400 илјади лица. „Токму таа непрегледна ситуација е причина шт луѓето таму мораат толку да страдаат. Таквата страшна ситуација не обврзува да помогнеме и таму. Ситуацијата ги обврзува ОН да интервенираат, а нас да помогнеме при тоа“ – рече во дебатата Екарт фон Кледен од фракцијата на партиите на Унијата ЦДУ/ЦСУ.
Со решението ан Бундестагот, во мисијата што ќе започне од јануари наредната година, ќе учествуваат и 250 германски војници. Во досега најголемата мисија на сините шлемови на ОН ќе учествуваат вкупно 26 илјади војници и полицајци, како и 5500 цивили од 50 земји. Бундесверот треба да помогне кај воздушниот транспорт на трупите од мисијата.