Буто има намера да се врати од егзил во Пакистан
15 јуни 2007Реклама
Поранешната премиерка на Пакистан Беназир Буто има намера да учествува на изборите во земјата планирани за оваа година. За Зиддојче Цајтунг таа изјави дека ќе се врати во Пакистан и покрај заканата за затварање од страна на претседателот Первез Мушарав. Буто, по префрлувањата за корупција во 1999 година замина во егзил во Лондон, Вашингтон и Дубаи. Таа го предупреди Мушарав од натамошно зајакнување на милитантните и религиозните групи дококу изборите не бидат фер. Изборен термин сеуште нема.