Буш во Пакистан
4 март 2006Полицијата воочи неговото пристигнување се судри со демонстрантите кои палеа американски знамиња и извикуваа дека Буш не е добредојден.
„ Џорџ Буш не е добар за исламот и за Пакистан. Тој не е наш пријател. Западот е виновен за лошата состојба во Пакистан„
„ Буш не смееше да доаѓа. Атмосферата во Пакистан е вжештена. Неговата посета состојбата ја прави уште полоша„ реагираат дел од граѓаните
Борбата против тероризмот и соработката на тој план беше во фокусот на разговорите кои Буш ги водеше со пакистанскиот претседател Первез Мушараф. По средбата, првиот човек на САД изјави дека се уверил во заложбите на пакистанскиот колега во борбата против тероризмот и покрај присуството на милитантни сили и припадници на Ал Каеда во земјата. Најдобар начин за справување со припадниците на Ал Каеда е преку соработка на ниво на тајни служби, размена на разузнавачи информации, нивно лоцирање и изнесување пред лицето на правдата, рече Буш. Пакистан веќе подолго време е критикуван од страна на властите во Авганистан дека им пружа поддршка и им овозможува прибежиште на Талибанците и припадниците на Ал Каеда. Первез Мушараф во врска со ова изјави:
„ Да, работите се случуваа исто така и од тука. Тие минуваат од тука, јас тоа го знам, тоа никогаш не сме го порекнувале. Но тоа повеќе се случува од Авганистан, помалку од Пакистан„
Американскиот претседател нагласи дека нема забелешки за поврзувањето со гасовод меѓу Иран и Пакистан но го отфрли барањето на властите во Исламабад за склучување договор за соработка на нуклеарен план со западните земји. Сепак Пакистан има и други опции, Мушараф изјави
„Ние имаме опции, штотуку бев во Кина со која имаме страртегиско партнерство„ рече Мушараф
Буш во Пакистан допатува од Индија каде изминатите два дена во судирите и антиамериканските демонстрации загинаа четири лица