1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Пакистан- нови правила во школите што учат на екстремизам

1 август 2005

По терористичките напади во Лондон, пакистанските школи на Кураност повторно се на удар. Учениците, по пат на еднострано и строго толкување на Куранот, стануваат жртви на индоктринација и плен на радикалните исламисти. Поради тоа, пакистанскиот претседател Перверз Мушараф одлучи да преземе мерки против ширењето на екстремизмот.

https://p.dw.com/p/AclQ
Школо на Куранот во Пакистан
Школо на Куранот во ПакистанФотографија: AP

Секојдневие во училипштето Дарул Улоом Сархад, во срцето на средновековниот град Пешавар - учениците меѓу 10 и 16 години рецитираат стихови од Куранот и ги учат напамет, иако не го знаат нивното значење. Куранот е составен дел и од 8 годишните студии на исламскиот теолошки факултет, во чиј состав се наоѓа и една мердеса, што во превод значи школа на куранот.

Калид Бихори е управник на мердесата. Тој тврди дека во училиштето се добива само ѕнаење и наука и ништо повеќе:

,, Нашите врати се отворени. Секој може да дојде и да види што работиме, тука нема ништо таинствено,, вели Бихори. Мердесата отсекогаш имала важна улога во исламскиот свет. Водител на факултетот во Пешвар е Др. Кубила Алаз. Тој појаснува како работи школата на куранот:

,, Основна задача на овие школи е са се воспитаат децата во духот на Исламот,, вели тој.

Во мердесрите се главно деца од сиромашни семејства од сите делови на Пакистан. Многу од нив немале што да јадат и што да облечат. Многу немаат ниту родители. Училиштето се грижи за сите нивни потреби- ги храни, облекува и школува. Меѓутоа, колку подолго децата остануваат во овцие школи, толку поригорозно го отфрлаат поинаквиот поглед на светот. За нив постои само една вистина, таа што ќе ја научат во мердесите и затоа стануваат жртви на индоктринација, вели Мохамед Хасан Аскари, професот на факултетот во Пенџаб:

,, Постои непосредна врска меѓу школите на Куранот и екстремизмот кој повикува на Ислам. Многумина ученици стануваат лесен плен за оние кои ги водат на патот кон екстремиѕмот„.

Бројот на школите на Куранот во меѓувреме многу порасна. По теротристичкте напади во Лондон, се зголемува притисокот на пакистанските мердеси. Пакистанскиот претседател Перверз Мушараф конечно одлучи да ги реформира овие школи- за почеток, забрани упис за странците, а планира и измена на наставните програми, со вклучување на научните достигнувања и странски јазици. Тоа, меѓутоа, ќе биде долг и макотрпен процес. Школите на Куранот веќе почнаа да даваат отпор.