1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија во нова офанзива во насока на реформа на ОН и Советот за безбедност

8 јануари 2006

Властите во Берлин овој пат во друштво со Бразил и Индија, донесоа заедничка нацрт резолуција во која бараат постојано место во советот. Јапонија, која има исто барање, излезе од заедничкиот сојуз и најави сопствена иницијатива

https://p.dw.com/p/AcZ9
Советот за безбедност на ОН
Советот за безбедност на ОНФотографија: UN Photos

Нова година, нова среќа, гласи една германска поговорка. Почетокот на 2006 не донесе нов оптимизам. Но германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмае јасно стави до знаење дека сојзуната влада ќе биде истрајна во својот став и ќе го задржи курсот:

„ Реформата на Советот за безбедност останува на дневен ред. Според нашето гледање на работите, тоа тело би требало да се прошири. Нашиот предлог и натаму е на маса„

Во предлогот кој повторно го поднесоа владите на трите земји се нагласува отвореност за преговори, но и за одредени измени. Меѓутоа потписници на овој документ сега се само три земји. Германија, Бразил и Индија. Предлогот предвидува проширување на советот за безбедност со нови постојани членки кои не би имале право на вето. Јапонија во меѓувреме се повлече и се одлучи за самостоен настап во борбата за постојано место во советот. Германскиот амбасадор во ОН Гинтер Плојгер, без разлика на познатите факти е оптимист:

„ Мислам дека Германија ужива голем углед меѓу земјите членки на ОН и дека никој не би дошол на идеја да ја зобиколи или исклучи кај предлогот за реформа на ОН и Советот за безбедност„

Германија, Бразил и Индија предлагаат Советот за безбедност од постојните 15 да се прошири на 25 земји како и воведување шест нови постојани членки без право на вето. Овој предлог сеуште не обебзедил двотретинско мнозинство од генералното собрание бидејќи африканските држави бараат поголеми права. Тоа за САД е премногу.

Со истапувањето на Јапонија од таканаречената група 4 намалени се шансите германскиот предлог да биде прифатен. Меѓутоа германскиот амбасадор Гинтер Плојгер смета дека реформата на советот за безбедност мора да биде разгледана на тековните седници:

„ Претседателот на Генералното собрание најави, а тоа е така, дека проблемот нема да биде решен доколку ништо не се прави на тој план„ рече Плојгер