Германија и работата на комисијата на ОН за човекови права
13 март 2005германската влада за човекови права Том Кенигс:
Во комисијата седат претставници на 53 од вкупно 191 членка на ОН, меѓу нив и такви како Судан, Кина, Зимбабве или Непал. Кога станува збор за повредите на човековите права во сопствените земји, тие редовно ја блокираат работата, главно успешно. Оттаму е неопходна реформа на ова тело, смета Хенигс:
„Механизмите на комисијата е мошне компликуван. Некои од нив се застарени и затоа е неоходна реформа„.
Генералниот секретар на ОН Кофи Анан одамна ја увиде итноста и веќе работи врз реформи, но како и секогаш кога станува збор за ОН, тоа е тежок процес. Основната идеја е сите 191 членка да имаат место и глас во комисијата, предлог што германската сојузна влада го поддржува. На тој начин ќе завршат можностите за тактизирање на одделни регионални групи и тогаш не ќе бидат потребни договори што ќе обезбеди спречување на разни тактики, на пример за темите како американските затвореници на Гвантанамо, потиснувањето на опозицијата во Кина или руската политика во Чеченија кои досега завршуваа под килим:
„На пример, јас воопшто нема да се радувам ако пропадне некоја резолуција со која се бара укинување на смртната казна во Кина, што сигурно ќе се случи. За тоа се потребни многу дипломатија и осет. За жал ќе има и други подрачја во кои нема да биде постигнат никаков напредок„.
Кенигс се надева на напредок во заштитата на човековите права во борбата против тероризмот. Освен тоа сојузната влада ќе се заложи во полза на правата на вода и на домородечките народи. Годинава Германија нема да поднесе ниту една сопствена резолуција, но ги поддржува барањата за засилување на религиозната толеранција.
Дури и ако некоја прифатена резолуција на почетокот е само парче хартија, таа сепак не е сосема безполезна, смета Кенигс:
„Тоа е инструмент со кој се делегитимираат повредите на човековите права, како и владите што го прават тоа главно против сопствените граѓани. За некои тоа е силен аргумент, за други помалку. Но, долгорочно добива голема сила„.