Германија се залага за реформи во ОН
24 септември 2004Мора да се извршат реформи во Обединетите Нации, а Германија радо би сакала да добие постојано место во Советот за безбедност – во генерланата дебата ова беше централна порака на германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер. Како и канцеларот Шредер пред една година и Фишер ја употреби оваа форма да ги нагласи германските барања.
“Веќе 40 години не е променета конструкцијата на Советот за безбеднсот. Верувам дека е вистинско време, тој да се усогласи со светската ситуација. Притоа не се потребни половични или меѓу решенија тие и нема да бидат од помош. Како Бразил, Индија и Јапонија и Германија е подготвена да ја преземе одговорноста која е поврзана со постојано место во Советот за безбедност.”
Темата годинава дотолку e почувствителна бидејќи генерланиот секретар на ОН Кофи Анан веќе состави работна група која работи на план за реформи. Не само Советот за безбедност туку и сите други важни гремиуми на светската организација ќе бидат ставени под лупа.
За милиони луѓе синото знаме на ОН претставува помош и надеж за подобра иднина, смета Фишер, но онака како што денска се организирани ОН нема да можат уште долго успешно да одговараат на новите предизвици
“Она што нам ни е потребно е длабока реформа на меѓународниот систем и неговите институции. Мора да се постигне ефективен мултилатеризам кој ќе ни овозможи заеднички да се спречуваат кризи а онаму каде ова нема да успее да се најде трајно решение.”
рече Фишер, и нагласи дека смета оти сржта е во реформата на Советот за безбеднсот. При реформата според германскиот министер за надворешни работи станува збор и за ново заедничко разбирање на повелбата на Обединетите Нации. Притоа централни прашања се правото на самоодбрана и дефиницијата за тероризам.