Германија ја бојкотира конференцијата на ОН против расизмот
3 септември 2011Таканаречената трета Дурбан конференција треба да се оддржи на крајот на септември на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Но Германија а и Австрија веќе најавија дека нема да учествуваат на неа. Министерот за надворешни работи на Германија, Гидо Вестервеле неучеството го објасни со можноста собирот да биде искористен како „сцена за антисемитски пароли“. За време на претходните две конференции, пред се’ иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја користеше говорницата за напади против Израел. Германија и Австрија со тоа им се прикллучија на групата од повеќе држави кои ќе ја бојкотираат конференцијата на ОН против расизмот, меѓу кои се САД, Чешка, Холандија, Австралија и Канада.
Централниот совет на Евреите во Германија во меѓувреме ја поздрави одлуката на владата во Берлин да се откаже од учеството на конференцијата во Њујорк која треба да се оддржи на 22 септември. „Со тоа се испраќа јасен сигнал за една разумна политика ориентирана кон вистинските вредности, изјави претседателот на Советот, Дитер Грауман за германскиот весник „Пасауер Ное Пресе“.
Автор:СН/ЖА/дв/дпа
Редактор: Жаан Ацеска