1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали ОН се беззаб тигар?

23 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AdII

Обвинувањето дека ОН се немоќни за да управуваат како што треба со политичките конфликти, постојано се повторува. И, навистина - ОН се постојано зависни од интересите на силите со право на вето и од страните засегнати во некој конфликт. Сепак, во актуелните прашања на идните избори во Ирак и преговорите за обединување на Кипар, светската организација и нејзиниот генерален секретар, Кофи Анан, играат важна ролја.

Ова е добар месец за Кофи Анан. Дури двапати за кусо период генералниот секретар на ОН можеше да ја игра улогата во која со задоволство се гледа себеси и ОН - како независна, највисока инстанца на светската заедница, чиј збор навистина има тежина. Првиот успех се разговорите за иднината на Кипар. Тука, генералниот секретар на политичарите, по долги преговори им постави ултиматум и успеа, зашто конечно тој го има последниот збор за текстот кој во април треба да биде изгласан на референдум на Кипар.

Вториот успех е улогата на Анан која веќе не е изненадување по прашњето - дали предвремените избори во Ирак се можни или не.

ОН се повторно тука, се чини, и нивната тежина повторно може да се зоглемува, доколку ситуацијата во Ирак и натаму се влошува. Но, привидната моќ нема ништо заедничко со вистинската - таа едноставно зависи од тоа какви интереси имаат учесниците во конфликтите и што тие дозволуваат.

Кофи Анан никогаш не би можел да врши толкав притисок врз кипарските Турци, ако Турција самата не посакува брзо решение за да ја зајакне сопствената позиција спрема ЕУ. И, ако Шиите во Ирак самите не ја имаа таа големина што ја имаат, окупаторската сила тешко ќе му дозволеше на генералниот секретар на ОН да ја игра улогаа на судија.

Како натаму во Ирак е прашање за кое Кофи Анан не сака да дава конкретни предлози. Но, можеби за тоа ќе биде потребна експертиза на ОН, и тоа се' додека има недоверба или недоразбирање меѓу Шиите и Американците во Ирак.

Сега доаѓа фазата на сценарија - како да се испочитува терминот на предавање на власта во Ирак - 30 јуни, како да се инсталира еден вид преодна влада, без притоа Шиитите да добијат удар во глава?

Можеби предлогот за проширување на преодниот ирачки совет и избори што побргу, се разумен компромис. Можеби е разумно за овој период да се инсталира нов пратеник на ОН за Ирак, некоја призната личност со многу овластувања, како што е советникот на Анан, Лакдар Брахими. Но, тогаш треба да следува ново ршенеие на генералниот секретар на ОН, кое би било уште потешко од проценките на предностите и лошите страни на политичките процеси во други земји - решение во Ирак да се испратат негови соработници повторно во голем број и обем и со тоа да се изложат на голема опасност како лесна цел, како што се покажа при нападот врз претставништвото во Багдад, во август минатата година. На такво нешто има огромен отпор во апаратот на ОН, и Кофи Анан тоа не може едноставно да го превиди.