Двајца соработници на ОН обвинети за земање мито
9 август 2005Александар Јаковљев ја призна вината. Бенон Севан, кој во ОН бил вработен 40 години и во моментов се наоѓа на Кипар, ги отфрла сите обвиненија. Раководителот на истражната комисија на ОН, задолжена за расветлување на скандалот, Вокер, изјави:
“Во февруари, кога комисијата го направи првиот интерен извештај, беше јасно дека некој од ОН примал мито во текот на 1996 година. На средината од мај е утврдено дека официјалното лице е господин Јаковљев. “
Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, вчера им го укина дипломатскиот имунитет на двајцата обвинети. Членовите на истражната комисија на ОН, т.н. Вокерова комисија изјавија дека улогата на Анан во целиот случај и натаму ќе се истражува, со оглед на тоа што е утврдено дека неговиот син Коџо има врски со една фирма која имала полза од еден договор со Ирак.
Програмата “Нафта за храна“ беше најголема хуманитарна програма во историјата на ОН. Вкупната вредност на програмата која беше замислена како помош за ирачкиот народ, во тоа време зложен на меѓународни санкции, изнесуваше 67 милијарди долари. Програмата почна да се спроведува во декември 1996 година, а завршена е во 2003 година со окупацијата на Ирак и уривањето на Садам Хусеин од власт.