Дрски и смешни: Карневалските поворки на Розенмонтаг
Трамп крева во воздух меѓународни договори во Келн, Меркел јава на речиси мртвата коалиција во Мајнц, а во Диселдорф има возило на толеранцијата. Нема тема која креаторите на караваните не ја опфатиле.
Исечкана канцеларка
Креаторите на колите за парадата во Келн го направија ова возило алудирајќи на една акција на графити-уметникот Бенкси, чија слика на девојче со балон за време на една аукција беше исечкана од сечива сокриени во рамката на сликата. Со тоа келнскиот карневал го тематизира заминувањето на Ангела Меркел од врвот на ЦДУ.
Алексааааа
Ако не поседувате вие лично, тогаш барем една личност во вашето опкружување сигурно го има асистентот Амазон Ехо кој реагира на аудио наредби и се активира на некој клучен збор. Но, дали Алекса зборува и келнски?
„Хамби останува“
Шумата Хамбах од 2012 година е предмет на кавга помеѓу активисти за заштита на животната средина и компанијата за енергетика РВЕ, која го обработува земјиштето кое е наоѓалиште на јаглен. Конфликтот се заостри во 2018 откако насилно беа испразнети шумски куќарки во кои престојуваа активисти. На карневалската кола зајак и еж се прашуваат што ли значи целиот циркус.
Сменети улоги
Во 2018 два коња на поворката во Келн беа испуштени од контрола, 4 лица беа повредени. Организацијата за заштита на животните ПЕТА одамна ја критикува употребата на коњи на големи манифестации. Карневалската кола, според водачот на поворката Александар Дипер, е обид „како вистински келнјани со намигнување да покажеме и друго решение”. Сепак, тоа не треба да ја минимизира „сериозноста на темата”.
Претседателот паѓа
Кога Емануел Макрон беше избран за француски претседател, неговиот народ имаше големи надежи во него. Но, тој не можеше да ги исполни. Од октомври 2018 се одржуваат протести на Жолтите елеци против политиката на Макрон.
Неказнети дела
Ова е една од единаесетте карневалски коли на Розенмонтаг во Мајц. Со неа се тематизира скандалот со злоставување во католичката црква. Еден пастор ја напушта црквата без да му фали влакно. Вметнати се и алузии на дебатата #MeToo.
Кралицата во бегство
Кралицата Елизабета Втора со своите кучиња бега од хаосот од Брегзит кон Европа. Во едната рака има барање за азил во Германија. Со ова преувеличување карневалистите прикажаа и делче реалност: токму поради заканите од Брегзит многу Британци бараат германски пасоши. Кралицата секако нема толку брзо да си го напушти домот.
Полна до врв
На Земјината топка ѝ е, како што стои на оваа кола, „до повраќање“ од загадувањето. Таа исфрла големо количество пластичен отпад. Тоа е тема и на келнската поворка на Розенмонтаг – таму познатата рипка „Немо“ е прикажана како речиси да ќе се задуши од пластичниот отпад.
„Спружена на земја“
Андреа Налес на оваа кола, која е дел од поворката во Мајнц, е прикажана со скршени заби испружена на земја. Црвените СПД потпетици ѝ се испаднати. На колата има цитат на претседателката на СПД која се однесува на Унијата: „Од утре ќе си го добиете.“ Креаторите на коли со ова сакаат да го прикажат сосема спротивното.
Алетрнатива или сепак Наци?
Лошотилак: на предната страна од колата е прикажан постер на деснопопулистичката партија АфД со човек кој изгледа безопасно. А од задната страна на колата се гледа плакат на нацист со избричена глава, тетоважа и факел. Неговата десна рака е крената според поздравот на Хитлер. Оваа кола заедно со останатите во поворката ќе се движи низ центарот на Мајнц и сигурно ќе предизвика контроверзна дебата.