1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган: Загубени нерви или калкулација?

Г.Кене/С.Недевски1 јуни 2014

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој повторно се најде под притисок по катастрофалната рударска несреќа во местото Сома, овојпат уште поагресивно се справува со протестите. Аналитичарите знаат и зошто.

https://p.dw.com/p/1C9WG
Фотографија: picture-alliance/dpa

Несреќата во Сома за премиерот Ердоган можеше да биде нешто како нов почеток. Но, наместо да понуди утеха, остави други да ја објаснуваат катастрофата:

„Моќни сили од Европа Америка и од Блискиот Исток вршат притисок врз нашата земја и нашите луѓе. Треба да не остават на мира. За оваа несреќа не се виновни само владата, работниците и раководните луѓе. Сите сме виновни“, објаснуваше инжинерот Сунулу Дурмуш.

Непосредно по несреќата Ердоган се обиде да ги смири луѓето во Сома на сосем својствен начин. „Несреќата била игра на судбината“ , рече тој потценувачки. Разлутена група луѓе потоа го запре конвојот на премиерот. Еден негов советник брутално удираше еден демонстрант. Сила примени и самиот Ердоган, а неговите телохранители ги оттурнаа демонстраните во еден супермаркет и ги претепаа.

Шефот на владата како тепач. Вакво нешто, истанбулскиот публицист Ајдин Енгин не доживел во 50 годишната професионална кариера. Меѓутоа, според него однесувањето на Ердоган не е израз на загубени нерви, туку чиста калкулација.

Türkei nach Minenunglück in Soma Protest 17.05.2014
Фотографија: Reuters

„Речиси половина од населението ја поддржува политиката на Ердоган. За да го зацврсти овој удел, тој мора другата половина да ја прогласи за негови непријатели. Мора да ја одржува поларизираноста во земјата и тоа долгорочно. Тое е неговата тактика.“, вели Ејгин.

Подемот на Ердоган започна во 2002 година. Со новооснованата Партија на правдата и развојот АКП, поранешниот исламист веднаш победи на изборите. Вети помалку државна контрола, приближување кон ЕУ и нов стил на раководење.

Абдуљатиф Шенер добро се сеќава на овие зборови. Беше близок соработник на Ердоган, а подоцна еден од оние кои му го завртеа грбот.

„Отсекогаш беше таков, ама барем се прикажуваше во друго светло за да не ги исплаши избирачите и на противниците да не им даде повод за критика. Сега се чувствува доволно моќен за да не мора да има обѕири ни кон Уставот, ни кон партијата“ , вели Шенер.

Кој ќе се осмели да му притивречи на Ердоган, го разбеснува. Како на пример претседателот на турската адвокатска комора. Ердоган му се изнавика, бидејќи не му се допадна неговиот говор. Дури ни турскиот претседател Абдула Ѓул не можеше да го смири премиерот.

Türkei Soma Grubenunglück Erdogan Berater tritt Demonstrant 15.05.2014
Фотографија: Reuters

Ердоган смета дека е во зенитот на моќта. Се чини дека му е се' едно што за него мислат во странство.

60-годишниот премиер има намера во август да се кандидира себеси за шеф на државата. За премиерската функција тогаш сигурно ќе си пронајде некој подобен и послушен заменик

А кој не се согласува, ќе ја почувствува тешката рака на Ердоган. Токму како разлутените луѓе од Сома.