1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ќе ги намалува трупите во БиХ

4 октомври 2006

ЕУ донесе одлука да ги намали трупите на во Босна и Херцеговина. Министрите за одбрана на ЕУ се договорија Од вкупно 6000 војниците треба да бидат намалени на 1500.

https://p.dw.com/p/AdnL
Франц Јозеф Јунг
Франц Јозеф ЈунгФотографија: AP

На дводневниот состанок на викендот првите луѓе на одбраната о Унијата сепак не се договорија за планот на реализирање на одлуката поради различните ставови околу тоа. Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг изјави дека со повлекувањето на војниците треба да се започне уште годинава:

„Сметам дека за првата фаза конкретно треба да размислуваме уште во декември бидејќи мислам дека ни е потребен преоден период за оваа земја да има добра и стабилна иднина. По добро одржаните избори мислам дека е тоа возможно“, рече Јунг. Министрите во дебатата за намалување на бројот на ЕУ трупите во Босна не размислуваа само за степенот на напредок во оваа земја, туку и за Косово каде се стационирани НАТО трупите. Француската министерка за одбрана Мишел Алио Мари изјави дека со оглед на напнатоста која се уште владее на Косово, неодговорно е така брзо да се започне со повлекување со трупите од Босна и Херцеговина. Домаќинот на средбата, Финскиот министер за одбрана Сепо Карианен изјави:

„Секако дека мисиите во БиХ и на Косово, се на некој начин поврзани и политичкиот развој во едната, влијае на настаните во другата земја. Поради тоа мора да се земе предвид и политичката ситуација на Косово и во Босна и Херцеговина.“

И германскиот министер за одбрана Јунг нагласи дека НАТО ќе продолжи да се грижи за безбедноста на Косово. Од друга страна меѓународниот преговарач за Косово, Марти Ахтисари кој присуствуваше на министерската средба, на министрите не им донесе добри вести. Спогодба меѓу Албанците и Србите на Косово во преговорите е речиси невозможна мисија.