1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инвеститорите ја сакаат Германија

Ролф Венкел / Жана Ацеска25 јуни 2014

Германија спаѓа во 20-те најатрактивни земји за странски инвеститори, кои стануваат се‘ похрабри, вели најновиот „Извештај за инвестициите во светот“ на Конференцијата на ОН за трговија и развој, УНКТАД.

https://p.dw.com/p/1CPiF
Фотографија: picture-alliance/dpa

Странските директни инвестиции, за разлика од паричните влогови, опфаќаат изградба на фабрики, основање филијали и фирми во сопственост, како и купување акции во претпријатијата. Со тоа, тие имаат големо економско значење, зашто преку нив по правило се отвораат и нови работни места. Освен тоа, тиe, покрај за надворешната трговија, се главен показател за развојот во светското стопанство.

На врвот, според новиот „Извештај за инвестицитите во светот“ на УНКТАД, кој се објавува редовно од 1991 година, повторно се САД и Кина. Бразил се наоѓа на петто место. Шпанија и Италија, според извештајот, повторно ја стекнале довербата на инвеститорите, додека Франција и Велика Британија бележат големо назадување.

Велика Британија се наоѓа на 11. место и е пред Германија, но приливот на капитал во Германија во споредба со претходната година е удвоен на околу 27 милијарди долари, со што земјата се најде на 15. позиција.

САД, Кина и Русија на врвот

Најдобро пласирана ЕУ-земја е досегашното „проблематично дете“ Шпанија, со пораст на директни странски инвестиции од 26 на 39 милијарди долари. Италија, благодарение на приливот на странски капитал од речиси нула во 2012 година, во 2013 стигна до 16,5 милијарди долари и е на 20. место.

Spanien Eurokrise Schulden Schuldenkrise
Шпанија убедлива за инвеститоритеФотографија: dapd

САД, со пораст на директните странски инвестици од 27 милијарди долари и вкупно 187 милијарди долари, ја зацврстија својата позиција на светски најатрактивна локација за инвестиции. Кина остана на второ место со 124 милијади долари вложен капитал од странство, а Русија, благодарение на вложувањата на странските концерни во нафтениот сектор, е на трето место со 79 милијарди долари.

Експертите на УНКТАД во светски рамки регистрирале пораст на странските директни инвестиции од 9 проценти, на вкупно 1,45 билиони долари, што е блиску на нивото од пред светската финансиска криза. Во 2007 година директните странски инвестиции изнесуваа 1,49 билиони долари. За следната година прогнозите предвидуваат значителен пораст - до 2016 година до 1,8 билиони долари.

Профитираат земјите во развој

USA Fracking Öl
САД и натаму на прво место по директни инвестиции од странствоФотографија: Andrew Burton/Getty Images

Вторпат по ред во 2013 година над половина од сите странски директни вложувања биле во земјите во развој. Во најсиромашните земји лани се слеале 778 милијарди долари, околу 7 проценти повеќе од претходната година. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун овој развој го оцени како „охрабрувачки тренд“.

Заради натамошно јакнење на земјите во развој, УНКТАД бара сеопфатна инвестициска програма. До 2030 година така годишно во економскиот развој би се влевале 2,5 билиони долари. Дел од парите треба да оди во инфраструктурата, за изградба на сообраќајници, железнички пруги, пристаништа, аеродроми, електрани и санитетски постројки. Но, неопходни се инвестиции и во земјоделството, здравството и образованието, како и во заштитата на крајбрежјата поради промената на климата.

Експертите на УНКТАД гледаат голем потенцијал во претстојниот Догоовор за слободна трговија меѓу САД и ЕУ. Директните странски инвестици во овие групи земји веќе сега изнесуваат полововина од глобалните и можат да растат, ако дојде до најголемата слободна трговска зона во светот, велат експертите.