1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Индија и Пакистан на добар пат

17 февруари 2004

По двеипол годишен дипломатски ангажман, раскараните атомски сили Индија и Пакистан започнаа мировни преговори. Застапници на министерствата за внатрешни работи на двете земји се сретнаа во пакистанскиот главен град Исламабад на тридневна подготвителна средба. Двете страни зборуваат за конструктивна атмосфера. Порпаролот на на индискотот министерство за надворешни работи Навтеј Сарна изјави :

https://p.dw.com/p/AdIn

"Разговорите меѓу двете делегации на Индија и Пакистан во Исламабад се одвиваат во средчна и конструктивана атмосфетра. Двете делегации разговараа за модалитетите и времето на оддржување на дијалогот. "

Пакистанскиот портпарол на министерството за надворешни работи по првиот ден на преговори со оценка:

"Дветете страни изразија задоволство за напредокот постигнат во првит ден. " Цел на оваа прва преговарачка рунда е усогласување на двневниот ред и временската рамка на преговорите на кој треба да се разговара и за завршување на долгогодишниот конфликт во хималајскиот регион Кашмир. Предусловите за оддржување на оваа средба ги создадоа индискиот премиер Атал Бехари Ваџпаи и пакистанскиот претеседател Первез Мушараф минатиот месец при средба за време на Источно азискиот самит.