1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак- ОН

28 јули 2004

Најдоцна за половина година во Ирак треба да се одржат слободни избори. ОН ветија дека ќе помогнат во оваа решавачка фаза од процесот на демократизација. Меѓутоа без воена заштита за службениците на ОН нема ништо од планираната мисија. Генералниот секретар Кофи Анан повеќе од месец и половина се обидува да организира трупи од засега барем 1000 војници кои би ги штителе соработниците на ОН, меѓутоа тоа не му п

https://p.dw.com/p/Ad8B
Кофи Анан
Кофи АнанФотографија: AP

оаѓа од рака:

"Нашите работници ќе се вратат во Ирак само ако бидат безбедни“ вели Анан

Генералниот секретар на ОН ниту еднаш не даде изјава за Ирак а да не ја спомене безбедноста во состав на враќањето на ОН во таа земја. Овој услов на Анан е внесен и во резолуцијата за Ирак . Освен тоа, резолуцијата содржи и барање за заштитни трупи за соработниците на ОН кои би требало да имаат значајна улога во изградбата на демократијата во Ирак.

Меѓутоа, се ова засега се само барања од кои ниту едно не е исполнето. Не само Париз или Берлин се воодушевени од идејата за трупи со амблеми на ОН под американска команда. Оттука и малиот број заинтересирани доброволци.

Три четири земји најавија дека се заинтересирани да испратат трупи, но не се знае во колкав број.

Тие три четири земји се, Непал, Пакистан Грузија и Украина. Не би можело да се каже дека станува збор за воени сили од кои САД би можеле да очекуваат растоварување за себе. Германија, ниту еднаш не спомена дека ќе испрати војници во Ирак, Франција се повлече откако е донесена резолуцијата, а Русија, како што можеше да се слушне овие денови недвосмислено рече, не.

Пакистан е согласен да помогне само доколку тоа го сторат и некои други исламски држави.

“Има дискусии за тоа да можат и други исламски држави да испратат трупи“ рече Анан

Меѓутоа преговорите се во застој, а никаде на виделина ги нема тие 1000 или 3000 војници. Никој не сака да им командува бившиот окупатор. Дипломатите велат дека решение би бил самостоен мандат на ОН, како во Авганистан, значи сини шлемови.

Меѓутоа, исфрустрираниот Кофи Анан не сака да биде одговорен за досегашниот неуспех на полето на ангажирање на ОН. Тој вели дека за тоа е надлежен Советот за безбедност.

“Ако ОН треба да играат значајна улога, тогаш мораат да се вратат во Ирак. И ако прашувате зошто ОН не можат да бидат доволно заштитени за да можат да се вратат, тогаш тоа прашање ве молам не ми го поставувајте мене, туку на Советот за Безбедност, рече Анан.

Анан, своевремено рече дека за подготовките за слободни избори во Ирак ќе биде потребно половина година. Значи, речиси и да е премалку времето за подготовки до Јануари наредната година, бидејќи во соработка со ОН, помеѓу останатото треба да бидат подготвени и избирачките списоци. Освен тоа се одолговлекува испраќање на наследникот на загинатиот Серџо Де Мело. Ашраф Кази е додуша подготвен да дпјде во акција но и за него и 20 соработници важи истото

“Безбедноста за нас е на прво, второ трето место“ вели Кази.

Рајнер Зидфелд