Какви се правата на децата во Германија? Извештајот на владата пред Комисијата на ОН
16 јануари 2004Реклама
Денеска комисијата на Обединтите Нации во Женева ќе се занимава со Германија, односно со извештајот на владата за спорведување на конвенцијата за првата на децата. Најпрвин извештајот интензивно ќе се провери, потоа комисијата ќе ги собере ставовите на невладините организации и ќе формулира оценка.Но какво е тоа тело - комисија на Обединетите Нации за правата на децата? Како изгледа нивната работа? Повеќе во прилогот на Јоахим Шуберт - Анкенбауер.
Речиси една година Лотар Крапман , професор по социологија е член на Комисијата на ОН за правата на децата. Собранието на ОН ангажираните заштитници за правата на децата ги избра во ова тело. Тој заедно со 17 други експерти набљудува како се спроведува Конвенцијата за децата во целиот свет.
" Уште од почетокот бев ентузијаст и се'уште сум, затоа што сметам дека ова е одлично тело, кое вложува напори, да се подобри животната ситуација на децата во целиот свет."
Конвенцијата за децата беше усвеоена од собранието на ОН во 1989 година, во 1992 година стапи на сила. Над 180 држави се обврзани , да се придржуваат до правата за децата кои се формулирани во конвенцијата и воедно да ги унапредуваат. Како на пример правото за исхрана, образование, слобода на мислење и религија, заштита од злоупотреба и многу друго.
Сите држави редовно треба да приложат извештај, во кои ќе претстават, каква е состојбата со правата на децата. Комисијата притоа собира и ставови од невладините ораганизации и формулира оцена.
" Ова тело и Конвенцијата постојано ги потсетуваат државите, во секој случај најмалку тогаш, кога ги пишуваат извештаите, дека треба да ги вложат сите сили за доброто на децата, оти тие се иднината на државата."
Правата на децата не се почитуваат насекаде во светот, особено не онаму каде владее сиромаштија или војна. Во тие региони децата честопати се првите жртви.
Токму поради, ова Комисијата смета дека задача што има предност пред сите други е, јавно да се покаже на државите кои ја прекршуваат конвенцијата.
Но не станува збор само за сиромашните држави. Денеска на ред е германскиот извештај. Делегацијата од Берлин цел ден ќе дискутира со комисијата. За ситуацијата во Германија Крапман не се изјаснува, но сосема е јасно дека иако децата од побогатите земји немаат материјални проблеми, сепак нивните права се повредуваат и таму:
" Има детска сиромаштија, но има и насилство против децата. Има злоупотреба на децата, детска порнографија и така натаму. Ако подобро се погледне и во овие земји постојат голем број проблеми."
Германија при последната оценка од комисијата во 1995 година мораше да слушне критики поради односот на властите со децата на азилантите и бегалците. Ова најверојатно и сега ќе биде тема во Женева.
Завршната оценка за Германија и препораките на комисијата ќе бидат објавени кон крајот на јануари.

Реклама