Керим е кандидатот за ОН
13 септември 2006Владата на последната седница донесла одлука да го кандидра Срѓан Керим за оваа престижна функција. Сега на владата и претстои интензивна лоби мисија, за да обезбеди поддршка за Керим и од другите источно-европски земји, кои треба да го дадат следниот претседател на Генералното собрание на светската организација. Портпаролката на министерството за надворешни работи, Шпреса Јусуфи, вели:
“Ова е исклучително значајно, зашто оваа личност не само што треба да биде прифатена од владата на Република Македонија, туку таа треба да биде прифатлива и за земјите од регионот. Тоа треба да биде еминентна личност која што досега се има докажано со своите квалитети. “
Керим ги задоволува критериумите. Поранешен министер за надворешни работи и амбасадор во ОН и во Берлин. Сега е директор на концернот ВАЦ во Македонија. Функцијата претседател на Генералното собрание трае една година и по правило носи многу поени за земјата, бидејќи значи многу за нејзиниот имиџ на меѓународен план. Станува збор за мандатот 2007-ма до септември 2008-ма година. Доколку Керим ја добие фотелјата во Њујорк ќе биде вториот Македонец ќе претседава со седниците на Генералното собрание на ОН. Во 70-тите години, како претставник на тогашна СФРЈ, тоа го правеше Лазар Мојсов.