Комшиќ: Ако РС се одвои од БиХ, ќе се разгори војна
17 август 2013Во интервју за сараевскиот весник „Ослобоѓење“, Претеседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, оценува дека во случај на отцепување на Република Српска секој кому БиХ му е важна би зел оружје в раце. Притоа Комшиќ одговара на прашањето - што би се случило доколку претседателот на Република Српска, Милорад Додик, навистина се обиде да ја реализира идејата за отцепување. Комшиќ порачува дека во таков случај државата би ја бранеле не само Бошњаците, туку и многу други, вклучувајќи го и него лично.
„Будала е оној кој мисли дека нема да биде така доколку се обиде да отцепи дел од земјата. Можеме да се надмудруваме, препираме, караме... Се‘ нешто може, иако тоа ’сешто’ најчесто е бесмислено. Но да се цепи земјата, тоа сигурно води во војна. Затоа тоа е глупава политика“, вели Комшиќ за „Ослобоѓење“.
Комшиќ нагласува дека не заборавил што се случуваше во БиХ од 1992 до 1995 година. Тој целокупната состојба во државата ја оцени како загрижувачка.