1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американските санкции значат „вистинска трговска војна“

ЖА
3 август 2017

Претседателот на САД, Трамп го потпиша законот за нови американски санкции, што предизвика остра реакција од Москва. Посебно заканувачки се изјавите на премиерот Дмитри Медведев.

https://p.dw.com/p/2hc75
Russland Premierminister Dmitri Medwedew
Фотографија: picture alliance/dpa/AP/Pool Sputnik Kremlin/A. Nikolsky

Најновите санкции „ставија крај на руската надеж за подобрување на односите со новата американска влада“, напиша Дмитри Медведев на својата Фејсбук страница, дополнувајќи: санкциите се рамни на „вистинска трговска војна“ против Русија.

„САД не даваат никаква шанса за конструктивна соработка со Русија“, напиша претседателот на Комисијата за надворешна политика во Советот на федерацијата, Константин Косачев, исто така на Фејсбук, според кого билатералните односи претрпуваат децениски штети, а бидејќи Трамп го потпиша законот, тој сноси лична одговорност.

Рускиот амбасадор во ОН, Васили Небенсиа изјави дека санкциите им штетат на односите меѓу двете земји, но Москва сепак сака да соработува со американската влада. Оние кои ги иницирале новите рестриктивни мерки, се лажат ако мислат дека можат да предизвикаат промена во руската политика. „Тоа повеќепати беше докажано во минатото“, изјави Небенсиа пред новинарите.

USA Donald Trump will auch legale Einwanderung erschweren
Доналд Трамп нерадо го потпиша законот за нови санкции против РусијаФотографија: Reuters/C. Barria

Американскиот претседател Доналд Трамп, без оглед на личните сомнежи околу санкциите против Русија , сепак го потпиша законот и со тоа го стави во сила. Законот предвидува нови санкции против рускиот енергетски сектор и против извозниците на оружје. Законот значи проширување на веќе воведените казнени мерки против Русија поради претпоставуваната руска сајбер-интервенција во американската изборна кампања и поради анексијата на Крим во 2014. година.

Трамп во поглед на законот се наоѓаше под силен притисок. Но, на крајот се повинуваше пред Конгресот, иако според Трамп, законот содржи „огромна грешка“. Неговиот потпис го става само поради тоа што е во интерес на националното единство, истакна Трамп.

Минатата недела законот го усвоија и Претставничкиот дом, како и Сенатот, со огромно мнозинство. Пратениците се осигураа дека претседателот нема да може да ги укине санкциите против Русија без согласноста на Конгресот, со што му одзедоа и дел од моќта, што силно го погодува Трамп.

Москва реагираше гневно уште при најавата на санкциите, собарање САД да повлечат голем број дипломати од Русија.

Американските санкции се остро критикувани и од германската влада и од Европската комисија, кои стравуваат дека тие ќе се одразат врз европски претпријатија.