Меѓу извештај на ОН за атентатот врз Харири
13 јули 2007Реклама
Повеќе од две години по убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири меѓународна истражна комисија идентификуваше повеќе лица за кои се смета дека биле соодговорни во атентатот. Комисијата објави меѓу извештај на нивната истрага за кој во четврток ќе дебатира Советот за безбедност. Комисијата не смета дека Ахмед Абу Адас, со кого тогаш беше снимена видео пораката, е атентаторот самоубиец. Во извештајот се вели дека тој бил принуден да ја сними пораката, а потоа најеверојатно убиен. Најверојатно зад нападото се крие поголема група.