1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милениумскиот самит на ОН

15 септември 2005

Милениумскиот самит на ОН во Њујорк и безуспешниот обид за реформирање на светската организација е централна тема на коментари во германскиот дневен печат

https://p.dw.com/p/AeCM

„ Весникот Бадише Нојесте Нахрихтен„ во денешното издание го коментира состанокот на врвот на ОН во Њујорк.

„ Он со безуспешниот обид за реформи ја пропуштаат единствената шанса за прилагодување кон предизвиците на новото време, бидејќи ниту еден проблем не може да се реши во националните рамки. Од ширењето на болеста СИДА, геноцидите, бегалците и оружјето за масовно уништување, па се до тероризмот, се чини дека повеќе од кога и да е е потребна соработка. Очигледниот неуспех на реформскиот состанок на врвот во Њујорк ја карактеризира состојбата која пред се ја одбележува една работа: недовербата„ закључува во коментарот весникот „ Бадише Нојесте Нахрихтен„

Коментаторот во весникот „ Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„ на истата тема забележува:

„ Многу нешта се поклопија, многумина учествуваа во намерата амбициозната реформска агенда да се претворти во документ, кој додуша таа организација донекаде ја води чекор напред. Но кај ефикасноста и веродостојноста на ОН нема да има поголеми поместувања, иако тие би биле и тоа како неопходни, по сите оние матни случувања, скандали и речиси нелегитимни спорови„ закључува весникот „ Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„

Германските весници во денешните изданија одвојуваат значаен простор и за состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Берлин. Весникот „ Меркише Одерцајтунг„ во коментарот пишува дека таа организација ниту стратегиски ниту воено веќе не е способна да одговори на предизвиците на 21 век, додавајќи декас заради тоа расте недовербата кај европските сојузници кон суперсилата САД. Во текстот натаму читаме:

„ Поастои стравување дека САД во најдобар случај сакаат да го претворат НАТО во кутија за алатки со кои по потреба можат да се служат. Но, до сега ниту Париз ниту Берлин не предочија разумни алтернативи. Обидите на ЕУ да и се овозможи воено делување не се поместија подалеку од почетокот. Вистинскиот резултат е НАТО, кој е само условно подготвен на воен ангажман„ закључува во коментарот посветен на средбата на министрите за одбрана на членките на НАТО во Берлин, весникот „ Меркише Одерцајтунг„