Набљудувачи: Повторените избори на Косово - добро организирани
19 ноември 2013Во соопштението на Меѓународната мисија за надгледување на изборите на Косово (ЕНЕМО) се наведува дека мисијата ги набљудувала повторените избори во северниот дел на Косовска Митровица со три свои екипи. ЕНЕМО оценува дека безбедносните институции направиле суштински напори да обезбедат адекватни сили на северот на Митровица и со тоа успеале да обезбедат предуслови за граѓаните „сигурно и слободно да можат да остварат право на лгасање“.
„Набљудувачите на ЕНЕМО повторно воочија злоупотреба на државни средства од еден дел јавни службенци“, се вели уште во соопштението на мисијата и се додава дека на многу гласачки места биле „многу видливи вршењето политичка кампања во близина на избирачкото место, како и изборни материјали од кампањите на политичките субјекти“.
Освен тоа, Меѓународната мисија за надгледување на изборите на Косово додава и дека семејното гласање е се‘ уште предизвик во многу избиричаки места.