Нов шеф на ОН во Ирак
13 јули 2004Ашраф Јехангир Кази, ќе го пополни испразнетото место на оваа функција, која до август минатата година ја извршуваше Серџо Виеира Де Мело, кој беше еден од 22 загинати при бомбашкиот напад на седиштето на ОН во Багдад.
Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан ,кој од тројцата кандидати за оваа функција го избра Кази за свој преставник во Ирак, изјави дека сака неговото седиште да биде во ирачкиот главен град
Во Ирак, продолжува заложничката драма со филипинскиот државјанин. Киднаперите, кои се закануваат дека ќе го убијат филипинецот, го продолжија крајниот рок. Министерот за надворешни работи на Филипини, Рафаел Секуис, за арапската телевизија Ал Џезира, изјави дека неговата држава ќе ги повлече трупите од Ирак, што е можно поскоро, како што бараат киднаперите.