Нови напади во Пакистан
18 јули 2007Реклама
Најмалку 16 пакистански војници загинаа, а 14 се повредени во напад на милитантите врз армиски конвој во близина на границата со Авганистан. Нападот е само ден по самоубиствениот атентат пред зградата на судот во Исламабад, во кој загинаа 16 лица, а 60 се повредени. Насилството ескалираше по минатонеделните судири во Црвената Џамија, во кои загинаа 75 радикални исламисти.