ОН во обновата на Ирак
24 февруари 2004Реклама
Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд ги обвини Иран и Сирија за поддршка на терористите против ирачкиот народ. Од друга страна генералниот секректар на Обединиетите нации Кофи Анан вчера ја подвлече поголемата улога на светската организација во обновата на Ирак.
Американскиот министер Рамсфелд пред новинарите во Багдад изјави дека владите во Техеран и Дамаск дозволуваат нивните територии да бидат користени од страна на терористите да испраќаат борци против американските сили во Ирак. Ирачките сили за безбедност вчера повторно беа цел на напад во кој загинаа седум лица. Обединетите нации, инаку, според американската влада нема да играат голема улога во Ирак кога во јуни ќе му биде предадена власта на ирачкиот народ. Тоа ќе успее така што ирачкиот народ самиот ќе игра доминантна улога, изјави претставникот на американското министерство за надворешни работи Ричард Баучер. Обединетите нации и САД ќе продолжат да соработуваат со ирачаните за да им помогнат во етаблирањето долгорчна влада. Наспроти тоа, генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан вчера го подвлече значењето на светската организација во обвновата на Ирак.
"Дозволете да подвлечам дека меѓународната соработка ќе биде клучна во напредокот и помошта за ирачкиот народ за да го врати суверенитетот и да изгради мирен, демократски и стабилен Ирак", изјави Анан кој допатува во петдневна посета на Јапонија. Инаку, американската влада ги повика Обединетите нации на поддршка во создавањето конечен план за предавањето на власта во Ирак и за подоцнежните избори. Фред Екхард, кој ја предводи делегацијата на Обединетите нации во Ирак да ги испита можностите за одржување избори по тој повод изјави: "Тимот заклучи дека подготовките за изборите ќе траат најмалку 8 месеци за да се обезбедат сите политички и технички услови, вклучувајќи и независна изборна комисија".
Реклама