ОН за трагедијата со "цунами”-да се гледа позитивно
19 јануари 2005"Хуманитарната помош функционира.Светскиот програм за храна се погрижи за околу 300 илјади луѓе.Светската организација за здравство набљудува да не се појават зарази.Досега тие не се пријавени."
Да се гледа позитивно во трагедијата,тоа се обидоа на специјалното собрание и претставниците на земјите директно погодени со катастрофата.Нивните амбасадори пред се ја пофалија подготвеноста за помош меѓу населението и однадвор.И се разбира,големата солидарност од сите делови од светот.Таа покажа според индонезискиот амбасадор Резлан Ишар Јени еден сосема нов квалитет:
"Оваа солидарност не само што ќе остане во срцата на сите Индонезијци,туку е непроценлива.Мораме да ја негуваме оваа култура на меѓународна солидарност која се разви по големата трагедија."
Кофи Анан меѓутоа предупреди од можноста на краток здив на несомнените успеси во давањето итна помош.Една од најважните задачи на ОН сега се состои во долгорочната обнова на југоисточно азискиот брег.
"Долгорочните задачи се согледани.Знаеме дека најмногу настрадаа најсиромашните.Поради тоа мора да се концентрираме на обновата и да утврдиме да не постојат никакви празнини во финансирањето",изјави Анан.
Натамошна грижа на генералниот секретар:ветената финансиска помош мора да стигне.Интерно ОН ангажираа економски стручњаци за контрола на дотокот на пари.Сега ветените милијарди од земјите донатори треба да се преточат во конкретни пакети милиони и да бидат префрлени во погодените региони:
"Постојат великодушни ветувања,досега 739 милиони долари,тоа е повеќе од 75 проценти од сумата што првобитно ја побаравме.Се надевам многу дека овие ветувања што е можно побрзо ќе бидат преточени во пари."
И покрај предупредувачките тонови,Анан трагедијата во Индискиот океан ја гледа и како шанса за збивање на редовите и давање ново значење на ОН:
"Широкоградоста која ја доживеавме може да постави нов стандард за меѓународната заедница.Се надевам дека можеме да го зачуваме ова искуство и да го повториме и во други кризи."
До крајот на неделата треба да биде назначен посебен претставник на ОН за Југоисточна Азија.Кофи Анан на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН го објави името и на друга важна личност во работата во кризните области,новата директорка на Организацијата за помош на децата УНИЦЕФ,Американката Ен Винемен.Досегашната министерка за земјоделство во владата на Џорџ Буш на функцијата во УНИЦЕФ треба да стапи во мај.