ОН: Насилството во Сирија е неприфатливо
26 мај 2012Бројката на загинати ја објави опозициска група, која тврди дека нападот се случил во центарот на провинцијата Хомс. Меѓу загинатите наводно 25 се деца. Во нападите на Хула и околните села биле повредени 100 лица. Сириските опозиционери тврдат дека силите на Башар ал-Асад отвориле оган од тешко вооружување, користејќи тенкови и минофрлачи.
Во исто време, арапската телевизија Ал Арабија објави дека руски брод натоварен со оружје плови кон Сирија и во текот на викендов би требал да пристигне во сириското пристаниште Тартус. Според Ал Арабија, бродот испловил од Русија на 6-ти мај и се движи „на сомнителен начин обидувајќи се да ја сокрие својата крајна дестинација“.
Информацијата за западни медиуми ја потврдиле и неименувани дипломати во седиштето на ОН во Њујорк, кои изјавиле дека веста на Ал Арабија е веродостојна.
Изворите во ОН тврдат дека станува збор за бродот „Професот Кацман“, кој плови под знамето на Малта, но е во сопственост на кипарска фирма која, пак, е сопственост на руска компанија.
Генералниот секретар на ОБ Бан Ки Мун изјави дека во Сирија секој ден е присутно „неприфатливо ниво на насилство и злоупотреби“, со што се крши мировниот план на ОН и најголемата вина за таквата состојба и’ ја препиша на сириската влада.
ОН минатата недела соопштија дека од избивањето на конфликтот во Сирија загинале најмалку 9.000 лица.