ОН не постигна договор за Сирија
2 август 2011Реклама
На седницата на Советот за безбедност што се одржа зад затворени врати Западните држави поднесоа нова предлог-резолуција, во која се осудува насилното гушење на протестите. Досега на ваквата формулација и’ се противеа Русија и Кина, како земји со право на вето, но и неколку други членки на Советот, како Индија, Бразил и Јужноафриканската Република. Наспроти растечкиот меѓународен притисок и почетокот на светиот месец на пости за муслиманите, сириската армија ја продолжи офанзивата во градовите каде има поголем број приврзаници на опозицијата. Информации за жртви и повредени пристигаат од повеќе градови, меѓу нив и од Хама, Забадани, Деир ал Зор и Ербин.
Автор: ГЧ/СН/дв
Редактор: Жана Ацеска