1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН не успеаја во Дарфур

17 јануари 2006

,, Досегашната стратегија на ОН во Дарфур беше погрешна. Он не успеаја во мисијата,“ гласи заклучокот во изврштајот посветен на ситуацијата во кризниот судански регион.

https://p.dw.com/p/AcYH
Фотографија: AP

Рапортот, чиј автор е една невладина организација, го проследи специјалниот пратеник на ОН за Судан, Јан Пронк.

Неколку дена пред самитот на врвот на Африканската Унија во главниот судански град Картум, се појави извештај на една организација за човекови права од Масачусец, во кој што се наведуваат досега непознати детаљи за случувањата во суданската провинција Дарфур. Таму се опишуваат случувањата во три села, кои суданската влада ги уништила намерно и со специјални методи, со поддршка на паравоените трупи ,, Џанџавид“. На населението во овие села систематски му биле одземани основните услови за живот. Авторот на текстот, под наслов ,, Нивната намера е да не убијат, на Дарфур му треба сигурност, правда и основа за живот“ е Џон Хафернан, инаку шеф на организацијата ,, Лекарите се борат за човековите права“. Тој, во јануари, мај и јули престојувал во Судан. Посетил три села на границата со Чад- Фуравиј, Бендис и Тербеб.

,, Намерно избравме три села, кои се типични за географската разноликост на дарфур и на нив се концентриравме. Едното село е на југ, другото на запад и третото на свер. Овие села беа репрезентативни за трите најголеми етнички групи во провинцијата Дарфур„. Вели Џон Хафернан.

Тој опишува како припадниците на арапските паравоени сили Џанџавид, кои ги поддржува суданската влада во Картум, раѕурнале повече од 3000 т.н. неарапски села во Дарфур. Населението, без помош однадвор, немало никакви шанси за спасување, затоа што било протерано во пустина, а тоа во Дарфур е еднакво на смрт. Нападите почнувале в зори. Прво во селото влегувале коњаници од џанџавид, јавајќи на коњи или на камили, а потоа зад нив оделе камиони, во кои биле регуларните воени сили, Тогаш почнувале кражби, убување на кравите, магарињата, камилите, палење на жетвите и колибите, значи уништување на сите основни услови ѕа живот. Организацијата ,, Лекарите се борат за човековите права“ смета дека трупите на Африканската Унија , кои се во мировна мисија во судан и кои бројат 7000 војници, имаат задача која што не можат да ја исполнат.

Џон Хафернан вели:

,, Африканската Унија е релативно млада организација. 7000 испратени војници треба да се грижат за подрачје кое по големина е колку Франција и да го штитат цивилното население. И што е насташно, тие немаат мандат навистина да ги штитат тие луѓе, туку само да посматраат што се случува таму. На војниците од ОН им треба поинаков мандат- да можат да ги штитат цивилите . Ние бараме тие навистина да бидат сини шлемови, значи мировни трупи на ОН“ вели претставникот на невладината организација.

Хафернан бара од властите во Судан да ја преземат одговорноста за ѕлосторствата над сопственото население. Тој инсистира политичкиот врв во картум да им плати отштета на сите преживеани во злосторствата во суданската провинција Дарфур.