ОН сакаат посилен ангажман во Ирак
23 септември 2007Реклама
Министри и високи претставници на 13 земји синоќа во ОН расправаа за ситуацијата во Ирак. На двочасовната средба под раководство на генералниот секретар Бан Ки Мун пред се се разговарало за зајакнување на присуството на ОН во таа земја. Ирачкиот премиер Нури Ал Малики изјави дека неговата влада може да се грижи за безбедноста на поголем контингент на ОН. На средбата се требаше да се одобри и петгодишен план за стабилизација на политиката, стопанството и безбедноста во Ирак. На средбата покрај петте постојани членки на СБ, учествуваат и земјите соседи на Ирак.