1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН со резолуција за Судан

2 април 2005

Во Советот за безбедност на ОН се гласаше за резолуцијата предложена од страна на Франција во однос на суданскиот кризен регион.

https://p.dw.com/p/Acss
Бегалски логор на ОН во Судан
Бегалски логор на ОН во СуданФотографија: AP

За резолуцијата гласаа 11 од 15 членки. Својот глас не го дадоа САД, Кина, Алжир и Бразил. Резолуцијата предвидува меѓународниот крвичен суд во Ден Хаг да биде одговорен за сите воени злосторстава сторни во суданскиот кризен регион Дарфур од 1 јули 2002 година. Францускиот амбасадор во ОН Жан Марк де ла Саблир по седницата истакна

„Има само еден победник; оние кои се борат против тероризмот. Има само еден губитник: сите оние кои извршиле криминални дела во Дарфур. Тоа е победа во борба против накзнивоста.“

Суданската влада ја одби резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за конфликтниот регион Дарфур. Неможе да се прифати Суданците да бидат изведени пред суд надвор од земјата, појасни раководството на владеачката Национална конгресна партија. Наспроти владата двете најважни бунтовнички групи во Дарфур ја поздравија резолуцијата.