Пакистан продолжува со развој на атомската програма
22 април 2004Постои само еден пат,и тоа напред,изјави пакистанскиот претседател Первез Мушараф.Тој зборуваше пред соработниците на институтот за истражувања во Кахута,каде беше развиена пакистанската нуклеарна програма.
Програмата продолжува,особено развојот на ракетите,изјави претседателот.Сите стратешки делови се под строга контрола и водство,додаде тој,сакајќи уште еднаш да биде заборавен скандалот од февруари.
Тогаш по интензивна меѓународна истрага се испостави дека пронаоѓачот на пакистанската атомска бомба ,Абдул Кадер Кан,доверливите податоци за производство на оружје за масовно уништување ги продал на Либија,Иран и Северна Кореја и со тоа касирал милионски суми.Пакистан својата атомска програма очигледно ја прависо амбизцозен жар. Тоа изгледа можно,затоа што владата во Вашингтон во моментов го гледа Мушараф као стратешки партнер во борбата против теророт,и поради тоа во најновиот нуклеарен скандал едноставно ги затвори двете очи.
Но и Индија планира влевање значителни средства во нејзиното нуклеарно вооружување.Според извештаите на весниците владата на премиерот Бехари Ваџпаи бара нов полигон за тестирање на мини атомските бомби.Индиските атомски стручњаци соодветните развојни фази очигледно ги имаат завршено.Високите воени офицери очигледно веруваат дека можат да водат и да добијат можна војна против Пакистан на пониско нуклеарно ниво со мини атомски бомби.
Започнатото вооружување во Индија и во Пакистан изгледа контрапродуктивно на процесот на приближување кој започна во јануари.Кон крајот на мај треба да започнат разговорите меѓу двете земји меѓу кои владее длабоко непријателство,а темата за атомското вооружување ќе биде една од најважните.Двете држави поседуваат атомски ракети со дострел од околу две ипол илјади километри.Индиско пакистанската спирала на вооружување очигледно и натаму се врти,крајот не е на повидок.