1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По именувањето американски амбасдор – во ОН олеснување

2 август 2005

Дипломатите во ОН, реагирајќи на одлуката на Буш да го именува Болтон за амбасадор во ОН, изразија олеснување што САД конечно повторно имаат амбасадор во светската организација.

https://p.dw.com/p/AclL
Зградата на ОН
Зградата на ОНФотографија: AP

Кофи Анан се обиде се‘ да претстави како секојдневие во работата – прво изрази сочувство поради смртта на суданскиот потпретседател и кралот на Саудиска АСарабија. Дури потоа говореше за именувањето на Џон Болтон за нов претставник на САД во ОН:

“Го познавам амбасадорот Болтон. Тој е многу способен и интелигентен. Во наредните месеци мора да соработуваме за да ги спроведеме реформите за кои се ангажираат толку многу земји членки.“’

Се разбира дека Анан би бил лош дипломат кога би изразил критички забелешки околу новиот човек на Вашингтон, или кога би говорел за тешкиот однос меѓу суперсилата и светската организација. Генералниот секретар само меѓу редови го поучи новоименуваниот:

“Мислам дека само ако еден амбасадор навистина е подготвен да ги сослуша другите, да соработува со нив и да бара општо прифатливи компромиси, ќе може да има успех овде. “

Во централата на ОН се сомневаат дека ваквите совети ќе допрат до републиканецот ,кој важи како конзервативен хардлајнер. Но, сомневањата се изразуваат само зад кулиси. Конечно, никој не сака да се замери со претставникот на најголемиот плаќач во ОН, и тоа откако тој во својот говор се откажа од повторување на неговите критики на сметка на ОН. Тие критики, некои дипломати не можат да ги заборават. Зашто Болотн, во различни пригоди, дури ја стави под знак прашалник и егзистенцијата на ОН.

“Не постојат ОН. Постои само една меѓународна заедница, која повремено може да биде водена од една супер сила. Кога зградата на ОН би бимала десет ката помалку, тоа не би се почувствувало.“

Сепак, Џон Болтон ќе добие шанса и тоа не само поради тоа што ја застапува најмоќната нација на светот, туку поради тоа што познавачите на меѓународната политика знаат дека врз важните решенија не влијае импулсивноста на амбасадорите, туку интересите на владите. Сега Болтон може да остане амбасадор на САД во ОН до јануари 2007 година, а потоа би му била потребна потврда од страна на Сенатот. Од аспект на многу дипломати – човекот на БУш, и покрај својот критички став, е помалото зло – ним за време на долгиот преоден период им недостигаше вистински партнер за разговор именуван од американскиот претседател.