Поглед во Вселената: Првите фотографии на Џејмс Веб телескопот
Вселената каква што никогаш досега не сте ја виделе. Неверојатните фотографии кои ги „улови“ телескопот Џејмс Веб откриваат извонредни детали од најскриените точки на Универзумот.
Каде што се раѓаат ѕвездите
Маглината Јужен прстен е планетарна маглина- The Southern Ring Nebula is a planetary nebula – облак од гас што се шири, кој опкружува ѕвезда што умира. Има пречник од речиси половина светлосна година, а затемнетата ѕвезда во нејзиниот центар испраќа прстени од гас и прашина илјадници години во сите правци. Маглините се местото каде што се раѓаат ѕвездите.
Невидливото станува видливо
Она што можеби изгледа како блескав планински пејзаж е всушност работ на млад регион во кој се формира ѕвезди наречен NGC 3324 во Маглината Карина. Фотографијата од телескопот Џејмс Веб за прв пат открива области на раѓање на ѕвезди кои претходно биле невидливи.
Лупа кон далечните галаксии
SMACS 0723 е галаксиско јато кое има способност да ја зголемува и искривува светлината на објектите зад него. Ова им дава на научниците длабок поглед на полето на екстремно далечни и слаби галактички популации.
Дом на милиони ѕвезди
Стефановиот Квинтет е група од пет галаксии. Сликите на телескопот Веб покажуваат досега невидени детали како блескави јата од милиони млади ѕвезди и области со ѕвездени изблици на раѓање на свежи ѕвезди кои ја красат фотографијата.
Огромна гасна топка
WASP-96 b е огромна планета надвор од Земјиниот Сончев систем која е откриена во 2014 година. Таа е составена главно од гас и се наоѓа на речиси 1.150 светлосни години од Земјата. Планетата има околу половина од масата на Јупитер и орбитира околу својата ѕвезда на секои 3,4 дена.