Претседателството на БиХ одржа итна седница
2 ноември 2007Реклама
Претседателството на Босна и Херцеговина денеска одржа итна седница по оставката на претседателот на Советот на министри на БиХ, Никола Шпириќ, со што ексалираше кризата во земјата. По средбата е одлучено да следат консултации со Шпириќ, по што ќе се донесе дали таа ќе му биде прифатена. Советот на министри е практично во технички мандат, се‘ додека не бидат избрани нов претседател и состав на овој извршен орган на земјата. Шпириќ е претставник на српскиот ентитет во извршната власт. Оставката се поврзува со протестите во Република Српска поради измените на уставот, што ги предложи меѓународниот претставник, Мирослав Лајчак.