1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Принц - комесар на ОН за човекови права

ЖАафп/дпа/ртре17 јуни 2014

Јорданскиот принц Зеид ал-Хусеин е првиот арапски муслиман кој треба да биде ангажиран на највисоката функција на ОН за подобрување на човековите права. Но, тој веќе има искуство во дипломатијата.

https://p.dw.com/p/1CJcY
Фотографија: Mike Coppola/Getty Images for Kairos Society

Првпат муслиман од арапскиот свет ќе стане Висок комесар на ОН за човекови права. Генералното собрание на ОН вчера ја потврди номинацијата на јорданскиот принц, 50-годишниот Зеид ал-Хусеин. Амбасадорот во ОН од Аман на први септември терба да ја преземе должноста од Нави Пилај од Јужна Африка. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун минатата недела го предложи ал-Хусеин за важната функција која треба да ја извршува четири години.

Принцот од Јордан има големо дипломатско искуство. Тој играше клучна улога при формирањето на Меѓународниот кривичен суд. По своето номинирање, тој пред генералното собрание на ОН изјави дека се чувствува почестен од довербата која му е укажана. Тој истакна дека ќе биде прв Висок комесар на ОН за човекови права од азискиот континент и од арапскиот и муслиманскиот свет. Ал-Хусеин моментно ја претставува својата земја во Советот за безбедност на ОН, во кој Јордан се наоѓа на две години. Претходно, тој беше меѓу другото, јордански амбасадор во САД.