Резолуција за Ирак во ОН
2 јуни 2004И во вториот обид нема големо поместување во резолуцијата за Ирак, како што се очекуваше од Москва и Париз, од Берлин и Пекинг. Тоа му беше веднаш јасно и на американскиот амбасадор во ОН, по првите консултации зад затворени врати. Барано е подобрување, иако во вториот текст, за прв пат се дефинира терминот за евентуално повлекување на окупациските сили
Мандатот на меѓународните сили под американски водство ќе биде завршен, така гласи формулацијата, за ставање крај на политичкиот процес и создавање на демократски односи во Ирак. Со тоа Америка, барем во една точка, реагираше на масовните критики на својата нацрт резолуција. Членовите на советот и генералниот секретар, Кофи Анан, сакаат да видат како на текстот на резолуцијата ќе реагираат ирачаните.
“Се очекува дека новата влада ќе се консултира во врска со содржината на резолуцијата“
Министерот за надворешни работи на преодната влада веќе се наоѓа на пат кон Њу Јорк, за да ги достави ирачките барања во врска со резолуцијата, пред најважното тело на ОН. При тоа, на проба ќе бидат големите ветувања на американскиот претсдаетл, кој вети целосен суверенитет до 30 јуни, кој ќе биде предаден на владата која не е избрана од странан на народот и тоа во земја каде сеуште се наоѓаат 130 000 странски војници. Исто така и на Кофи Анан, му е јасно дека тоа мора да стои во централниот дел на вториот текст.
“ Постои втор текст на нацрт резолуцијата и сега ќе се види како тој ќе се смени во однос на прашањето за суверенитетот. Имам чувство, дека мнозинството членови на советот, се трудат да гарантираат за целосен суверенитет на Ирак.
И тоа чувство не го лаже Анан, и покрај тоа што неговиот советник за ирачкото прашање, последните месеци предупредува на измами. Суверенитетот, вели Брахими, може да го добие само демократски избрана влада која има власт во сопствената земја. Тој сега треба да го има спорната преодна влада, но само над својата војска и полиција, но не и над мултиналционалните сили, што е американско гледање на состојбата
Покрај ова, има и барања да се утврдат јасни правила за соработка, помеѓу ирачките и командата на мултинационалните сили, како што бара германскиот амбасадор во ОН Гинтер Плојгер.
"Со тој предлог не се согласуваат само Франција и Германија. А тоа е дека во конструкцијата на силите за безбедност од една страна, мора да постои јасна командна струклтура, која од друга страна не треба да има никакво влијание на суверенитетот на преодната влада“.
Сепак, не се верува многу во изборот на преодната влада и за тоа како таа ќе биде прифатена во сопствената земја.