1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светски социјален форум во Пакистан

25 март 2006

Илјадници критичари на глобализацијата од Азија се собраа во пакистанската економска метропола Карачи на вчерашното отварање на третиот и последен дел од Светскиот социјален форум.

https://p.dw.com/p/AetW

Учесниците на форумот наредните шест дена ќе дебатираат на темите економија, мир и демократија. Посебна улога на овој форум игра индиско – пакистанксиот дијалог, кој воедно овозможи учество на форумот на индиски активисти. Повеќе од 1.000 Индијци пристигнаа во Карачи да учествуваат на форумот, ќе дојдеа многу повеќе но останатите не добија виза. Во секој случај индиската делегација е најголема на форумот. Тоа е успех во очите на Абдул Хамед Најар од пакистанскиот организационен комитет.

„Пред четири години, сигурно идејата веднаш ќе можевме и да ја заборавиме, да ги поканиме Индијците на ваква манифестација. Тогаш беше прекината сета комунијкација.“

Активистите кои учествуваат на светскиот социјален форм, имаат намера да ја искосристат можноста за дискусија но и форумот да послужи како протестна платформа. Како и минатите години и овој пат во центарот на вниманието на дискусиите ќе бидат правата на малцинствата, рамноправност, за мир и праведен светски поредок, а особено за праведна глобализаицја.

Светскиот социјален форум годинава за првпат е поделен на три дела, претходните форуми се одржаа во Венецуела и Мали во јануари.