Се шири ли исламски радикализам во Босна?
7 ноември 2007
Дебели железни шипки го спречуваат влезот кон продавниците на Абу Хамза во исламскиот трговски центар во Сараево. На оградата на рака испишано парче хартија: „Мене ми е признаено босанско државјанство. Сега морам да се бранам и затоа мојата продавница само повремено е отворена„.
Абу Хамза, 42-годишен брадосан маж, кој потекнува од Сирија, седи во својата продавница меѓу шарените шамии и позлатени туники и зборува со мек глас за судбината на Босна. Вели, или ќе има еволуција на вистинскиот Ислам или револуција. Абу Хамза е една од ѕвездите меѓу мисионерите што во земјата сакаат да прошират строг исламизам. Бо Босна дојде во почетокот на 90-десттите години, еден од илјадниците што застанаа до своите муслимански браќа во војната против Србите. Како противуслуга добија босански пасош. На тој начин беа „национализирани„ и не спаѓаа под параграфите на Дејтонскиот договор според кои сите странски борци требаше да ја напуштат земјата. Трик што посебно ги налути Американците. Под притисок на Вашингтон, една босанска владина комисија на околу 400 сомнителни Муџахедини од странско потекло, меѓу нив и Абу Хамза, им го одзеде државнаството.
Американскиот дипломат Рафи Грегоријан, заменик на високиот претставник за Босна, зборува за растечки број симпатизери на Ал Каеда во Босна. Експертите за тероризам страхуваат дека Босна би можела да стане база за екстремистите. Многумина босански Муслимани од војната наваму се радикализираа, под влијание на странските борци и добороволните исламски организации кои својата вера ја шират со многу пари. На влијание посебно добива религиозната групација на Вахабитите. Според анкетите, таа веќе има поддршка од 13 насто од населението. Ова „движење„ е финансирано пред се од саудиско-арабиски донатори. Тие инвестираат преку половина милијарда евра во развојот на Босна, но пред се во изградбата на 150 џамии. Само џамијата „Крал Фахд„ во Сараево, со нејзините преку 8 илјади квадратни метри, чинеше 20 милиони евра. Таа е место за молитви на радикалите, пишува неделникот „Шпигел„ и открива:
Како родно место на релегиозното движење во Босна се смета муџахединската комуна во Бочиње, село на 50 километри западно од Тузла. Непосредно пред крајот на војната во 1995 година, таму се повлече единицата на Муџахедините. Борците ги зазедоа куќите на протераните Срби и формираа фундаменталистичка енклава. Кај нив доаѓаа важни гости, меѓу нив дури и Ајман ал Завахири, бројот два во Ал Каеда. По покутници и тепачки, мисинерите во 2002 година мораа да го напуштат селото. Еден од водачите на комуната беше Абу Хамза. Посебно им верува на младите. Со насмевка вели дек како одговор на национализмот на Србите и Хрватите, тие го откриле Исламот. „Во нас гледаат авторитет. Во војната ги штитевме додека нивните политичари се криеја во подруми или во странство„. Вели, секој ден очекува полициајци што ќе го однесат на аеродромот да го протераат. Но, босанката влада не се возбудува многу. Министерот за внатрешни работи вели дека повеќето од 400-стотините не можат да бидат најдени, пишува неделникот „Шпигел„ во текстот посветен на радикалните муслимани во Босна.